https://www.facebook.com/photo/?fbid=10209350412476158&set=basw.AbrB1RSpBqr6LNuYpwnFgHTPrGV_T6Al7waPDkglP3fw3Q01bCVzcFUD2g5G_y75j1AQ0v-hSDuxDBXuWbiDFISjXuP60Gd0aN-bCnY0hH7NAAEhlVqVVQrG-0Z2KGvCNJnur0s8fBeFT_QgajG2w9i0&opaqueCursor=AbpAbCWH_Xv44nz9fhTGkdmyqaEtPXHrZMtSjQ6ACeVDYunBNjPhfOOaO8nN3VTG-wyWzI7_oN5neM5bSSx-VHdFFEzmeXpAE0L63fJ9-q3Md_6Z3TonqeVDcmyUKzcxfb_1xkH5Xz3qgXNmhe55Y36er89ibEbC7s3zADbMs5lDmgEcC4GxHDdaVe6L48Bnt7s3m3yAHc_OcTrUNulED8G-PuHxi6zgpvyz7INSIEZa1V5gPvZcA_lkwNi7L9k2pzjQLIkbS-UiuOIWkqqcp_xl3Wdg2C7WgJS4cYE-r_kWdlc7rpjUjV7WOzxgXBw82uI2hUF88Ym_6urX3OtN384NxavlZAaftc3_Yyk9MCrRsvLx_EvbxFzKrI6DPxfQBxCaW-G9aAmSGJQyvHX_dgbXk0fB4g8lN2XcPHX7PGjcqpIA47XN74nzpSqE14bosjWGFL9fXCJZmIxchefBo8Mfy1iI3S2N-4ZLTPPXvhPpxwjQR4A-1jJ5gqt11KwvprIE5ggf-bf0WEndndhI5t4FwiHnCjhwDQiV6tH_10krbfoxPlHnSBNdmoRENn_MwtAX-EBHHI1Y6v1Wrrx4jwXos2JezdLG48RMqeMvCXF9sSIKIIF8ydF6rqWFipNQ7MBbqj7O5ADudVb8BgV_NQcF4gD2ILY0I1GQrz-gmV5mtoviOZkTAVzo3lblXivSY0biu0etubQuzu5Kry94jZN1J-8q0_edwcavMdcfIJmBfqUtCxtOpG3lbLymVqKxA5jy0-Q9d4cZmM08-FsXMsUf1prb-_qy5pw4cVkZjBH3-mlZ7fhV0UX-KnV8y0xEfcCOv9knYQPMxDmVIjiL60YXtS0b0F61GMDDkRK3_C5yszMs1_aGowlAUhqcxIaJCtFXbcuadNF5TmO5bDzHGcMGBsbPb08Y18WR_BWFTvw1lgVGHNreIUJ0Lpwavts_C4_cXUFmXsthn4RvuMV_s4XHNiT7pKD8lfzZn_av1hFgvcD41gaAfPfTr_B5NP-_P_JPUCnVpBygF2cZlBtiKA7YAHtAcYuEkrMS5G4FzGnjPpXrgd8l6IZuEqEm53wXP0zSL1sFEULOG9YLrcIhTFTkK3t9zDYLXQkhh-KEePx5OeeohRoikIA57LlX5BQ30oaCNyIVIu_XurHJxR4N6nOw1vmt3I1hYiCkfsl9WFbLYJorW0FUwjGGA_fvD3oxtMJoQ1TzHRp4K3EduXxqRfGfmFNupK3ZsmIzMI21qIqBYD12xmBdPhoHHpltxpF0opA1XzZnm6MmBjcveKPzMaWUPfZLmLLp8rbKky7ipTABx3a1ARPf-egJSzO15gj1zsHS55gdAYl6IbU8xAl2v4x7ZxTB3LpK9lPzApwtBQsI9NDvH3xmcrZhHthoQh2tPGvqfaSZsbMzXfDcyYi4uWGX90LtMFOY94Giftd2lRBoDg

01.11.2024 Скопје

Охридското Езеро се соочува со зголемен ризик од загадување, прекумерен риболов и урбан развој, предупредуваат еколозите и експертите на Обединетите нации. Како што објавуваат светските агенции, а пренесуваат медиумите што пишуваат на теми од областа на екологијата и заштита на животната средина, езерото што е едно од најстарите во Европа со старост од 3,5 милиони години е дом на околу 200 ендемски видови, вклучувајќи автохтони видови пастрмка.

Како особена туристичка атракција езерото претставува и значен извор на приходи, за РС Македонија и за Албанија што го делат езерото. Агенциите постсетуваат дека македонската страна на Езерото беше прогласена за Светско наследство на УНЕСКО во 1979 година, додека статусот светско природно наследство албанската страна го стекна во 2019 година.

Во својот извештај за 2024 година објавен порано годинава, УНЕСКО предупреди на неконтролираниот урбанистички на езерскиот брег и прекумерниот туризам. Исто така,експертите на ОН упатија предупредувања до РС Македонија и до Албанија дека не се спроведени мерки за надминување на постојните закани и спречување на појавата нови.

Биологот Златко Лефков вели состојбата по однос загадувањето „постојано се влошува“ и оти тоа има негативно влијание врз автохтоните видови и биодиверзитетот на езерото.

Според официјални податоци, пишуваат агенциите, во областите околу езерото вклучувајќи ги градовите Охрид и Струга на македонската страна и Поградец во Албанија, сега живеат околу 170 илјади луѓе, што е заголемување за 56 проценти за последните 50 години.

Екологистите, исто така, предупредуваат дека реките кои се вливаат во Езерото Охрид и помалите крајбрежни населби се постојан извор на загадување.

Подготвено од М.Д.

About Author