image (50)

01.11.2024 Скопје

Невидена фудбалска еуфорија владее во Белград, но и на Балканот за тоа што во среда ќе се случи.

Имено во рамките на 4.коло во Лигата на Шампионите, се среќаваат Ц. Звезда и Барселона. Во Белград доаѓа најспектакуларниот тим во моментов, доаѓа супер – Барса на чело со тренерот Флик, како и Јамал, Левандовски, Рафиња, Педри …и сите останати мега – ѕвезди на каталонската гордост која на два меча во серија на Баерн и Реал и дадоа осум голови.

И за таа Барса владее невиден интерес. Последните информации од Белград велат дека нема веќе билети за тој меч, “пламнале“ околу 50.000 влезници. Остануваат само уште 3.000 од нив кои ќе бидат пуштени во продажба за средбата Војводина, и кој ќе купи билет за тој меч ќе може да влезат на трибините на “Маракана“ и за дуелот со Барса.

Се пренесува дека ваков интерес имало само за првиот меч со Ливерпул пред некоја година исто во ЛШ, тогаш победи Ц. Звезда.

Исто така се пренесува дека фанови од Словенија, Романија, Бугарија, Македонија, Ц.Гора, БиХ, Хрватска прашувале за билети.

На крај се вели дека според интересот кој владее за гостувањето на Барса, малку би биле и три “Маракани“, значи можело без проблем да се продадат и 150.000 билети за овој спектакл во Белград во среда навечер д 21 часот.

Подготвено од М.Д.

About Author