ELEKTRICEN AVTOBUS

25.11.2024 Скопје

Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, до следната летна или есенска сезона се очекува да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз.

Тие ќе сообраќаат во Скопје и другите градови каде има организиран јавен превоз.

„Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина“, рече Мицкоски.

Вели дека преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Два дена имаше редуциран превоз, што предизвика револт кај граѓаните.

Подготвено од М.Д.

About Author