25.11.2024 Скопје
Најдобриот тенисер на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ започна соработка со својот долгогодишен ривал и пријател Енди Мареј, кој во улогата на тренер му се приклучи на неговиот тим.
Договорот е постигнат во пресрет на правење стратегија за следната сезона, со фокус пред се на подготвителниот период, а потоа и на Австралија опен, каде Новак ќе се обиде да ја освои својата 11-та титула во сингл. Досега го има освоено трофејот во Мелбурн во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021 и 2023 година.
„Возбуден сум што ќе имам еден од моите најголеми ривали на истата страна од гридот со мене, овој пат како тренер. Со нетрпение очекувам да ја започнам сезоната покрај Енди и да го имам покрај мене овде во Мелбурн“, истакна Ѓоковиќ.
По првиот грен слем во сезоната, а во зависност од натпреварувачкиот распоред на Новак, Ѓоковиќ и Мареј ќе договорат евентуално продолжување на соработката во текот на годината.
„Ќе му се приклучам на тимот на Новак во текот на подготвителниот период, помагајќи му да се подготви што е можно повеќе за Австралија опен. Многу сум возбуден поради тоа и со нетрпение очекувам да бидам на истата страна од мрежата за промена, и благодарен сум за можноста да му помогнам во головите во наредната година“, рече Мареј, трикратен грен слем шампион, петкратен финалист на Австралија опен, поранешен светски рекет број еден на АТП турнејата и освојувач на златен медал на Олимписките игри.
Подготвено од М.Д.