02.11.2024 Скопје
Њу Делхи се најде на врвот на листата на најзагаден град во светот, откако жителите ја игнорираат забраната за огномети како петарди и ракети за палење за време на хинду фестивалот на светата Дивали, предизвикувајќи опасно влошување на квалитетот на воздухот.
Густ смог се спушти во индиската престолнина по прославите на Дивали, целосно ја проголта претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.
Според швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот IQ Air, индексот на квалитетот на воздухот во Њу Делхи бил 348, што се смета за опасно ниво на загаденост.
Локалните власти забранија употреба на пиротехнички средства за време на прославите на Дивали и зимските прослави во последниве години, во согласност со директивите на Врховниот суд, но се мачеа да ја спроведат мерката и покрај заканата со затворска казна за прекршителите.
Некои хинду групи тврдат дека забраната навлегува во правото на почитување на тој ритуал, додека властите истакнуваат дека нивната цел е да го заштитат животот.
Смогот што денеска се спушти во градот се совпадна со палењето на фарми во северна Индија, што дополнително го влошува квалитетот на воздухот секоја година на почетокот на зимата.
За време на палењето на земјоделско земјиште, студениот, тежок воздух ги заробува загадувачите кои доаѓаат од различни извори.
Подготвено од М.Д.