poplavi-shpanija-EPA-11-800x525

01.11.2024 Скопје

Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158, соопштија спасувачките служби.

Претходно шпанските медиуми јавија за најмалку 140 загинати, како последица на природната катастрофа предизвикана од поројните дождови во источна Шпанија.

Најсмртоносните поројни поплави во Шпанија во модерната историја го зафатија источниот шпански регион Валенсија по поројните дождови во вторникот и вчера, оставајќи ги патиштата и градовите под вода.

Подготвено од М.Д.

About Author