04.11.2024 Скопје
На жителите на Европската унија им се советувало да складираат итни резерви во случај на војна или друга голема вонредна состојба.
Извештајот за цивилната и воената подготвеност на Европа го напиша поранешниот претседател на Финска, Саули Ниинисто, во улога на специјален советник на претседателот на Европската комисија.
Во извештајот се истакнува дека ЕУ не била подготвена ниту за пандемијата на Ковид-19, ниту за руска агресија врз Украина и дека треба да премине „од реакција на проактивна подготвеност“.
Како дел од оваа стратегија, ЕУ треба да ги советува домаќинствата да бидат подготвени за самодоволност најмалку 72 часа во случај на вонредна состојба, се вели во извештајот.
На земјите-членки им се препорачува да им дадат на своите граѓани насоки за складирање залихи, евакуација и како да пристапат до службите за итни случаи, меѓу другото.
Истражувањето цитирано во извештајот прикажува различни основни залихи што треба да ги имаат домаќинствата во случај на итност, вклучително храна, пијалоци и лекови, како и фенерче и радио на батерии.
Советите имаат за цел да ги подготват граѓаните на ЕУ за вонредни ситуации, од нова пандемија до екстремни временски настани или вооружена агресија.
Подготвено од М.Д.