ebor1-640x360-960x540-на

22.11.2024 Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска соопшти дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе додели 100 милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан.

На конференцијата на ЕБОР во Херцег Нови учествуваат партнерските банки, донатори, партнери на екосистемот и други заинтересирани страни за зајакнување на поддршката за микро, малите и средните претпријатија во Западен Балкан, кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години.

Во програмата „Младите во бизнисот“ до денеска достапни се 30 милиони евра кредитни линии и дополнителни 17 милиони евра финансирање, што ќе биде продолжено во следните неколку месеци.

Досега исплатени се над 1.700 кредити во вредност од 19,3 милиони евра.

Програмата „Младите во бизнисот“ нуди интегриран пакет финансиска поддршка и советување, а самата иницијатива работи директно со млади сопственици и менаџери на бизниси, обезбедувајќи обуки, советодавни услуги и можности за вмрежување во рамките на програмата на ЕБОР „Совети за мали бизниси“.

Подготвено од М.Д.

About Author