14.11.2024 Скопје
Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе од сегашната.
Со новиот сет закони, работодавачите ќе бидат ослободени од дел од придонесите, со што се очекува позитивно влијание врз економијата и намалување на црниот пазар.
Премиерот Нермин Никшиќ истакна дека реформите ќе го олеснат водењето бизнис и ќе ја зајакнат економската стабилност.
Вицепремиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, истакна дека, покрај законот за минимална плата, Владата ќе донесе и регулатива за приходите на работниците со цел да се обезбеди соодветна заштита на оние со приходи под сегашниот минимум. Минималната плата во Федерацијата БиХ во моментов е 619 марки (околу 310 евра).
Покрај минималната плата од 1.200 марки, се планира и закон за фискализација, кој ќе воведе централен систем за контрола на финансиските трансакции, насочен кон спречување на даночно затајување и заштита на работниците со пониски приходи.
Подготвено од М.Д.