14.11.2024 Скопје
Милиони жители на Германија, би можеле да се најдат во големи проблеми, не по нивна вина, туку благодарение на политичарите.
Причината е што германската влада би можела да остане без пари за пензии и други социјални бенефиции бидејќи буџетот не е ребалансиран. Колку вистина има во тие претпоставки?
„Паѓањето на владата на владејачката коалиција во Германија во голема мера се должи на фактот што не можеа да договорат буџет за да ги затворат дупките во буџетот. Германија дефинитивно нема ребаланс на буџетот за оваа година, ниту буџет за следната година, така ќе остане“.
Министерството за финансии одобри вонредни 3,2 милијарди евра за граѓански додаток и тој потег беше клучен бидејќи во спротивно додатокот на граѓаните ќе траеше само до 7 ноември. На Германија и се потребни 12 милијарди евра дополнителни заеми за сите исплати на граѓаните.
„Овде веќе нашироко се пишува дека Германија повторно е пациент на Европа. Земјата е во рецесија, ретко кој гледа дека ќе има некој слаб економски раст оваа година. Повеќето веруваат дека рецесијата ќе продолжи“.
Подготвено од М.Д.