23.11.2024 Скопје
Еден од најдобрите ММА борци Конор Мек Грегор беше прогласен за виновен за силување жена во 2018 година и ќе мора да плати отштета од 250.000 евра, објави судот во Даблин.
Триесетишестгодишниот Ирец беше обвинет за „брутално силување и претепување“ на Никита Ханд (35) во хотелска соба во Даблин во декември 2018 година. Тој за време на судењето тврдеше дека сексуалната врска била консензуална.
Во текот на судењето е утврдено дека Ханд, која ја поднесе тужбата, имала модринки на нозете и болки во вратот. Таа обвини и друго лице, Џејмс Лоренс, дека сексуално ја нападнал во истиот хотел, но не го доби тој случајот на суд.
Ирецот е една од најголемите ѕвезди на ММА спортот со освоени титули во перо и лесна категорија. Последен пат во октагонот влезе во јули 2021 година, а планираното враќање минатата година беше откажано.
Во 2020 година, Мек Грегор беше најплатен спортист во светот според магазинот Форбс, со заработка од 170 милиони евра.
На судскиот порцес во Даблин беше придружуван од неговото семејство и вереницата Ди Девлин.
Подготвено од М.Д.