18.11.2024 Скопје
Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница РС Македонија – Косово. Пред почетокот на седницата, премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти ќе имаат тет-а-тет средба, како и министерски средби помеѓу двете влади.
По официјалната церемонија, се предвидува потпишување на билатерални договори и меморандуми за соработка во различни области. Пред заедничката седница, Владата на Косово одржа виртуелна седница на која усвои две иницијативи за соработка со РС Македонија.
Првата иницијатива се однесува на склучување на „Протоколот за спроведување на Договорот за заедничките гранични премини“, а втората за потпишување на Меморандум за разбирање во секторот енергетика помеѓу Министерството за економија на Косово и Министерството за енергетика и рударство на РС Македонија.
Првата заедничка седница на двете влади беше одржана во Скопје во 2021 година, кога беа потпишани 11 договори и меморандуми за соработка.
Подготвено од М.Д.