20.11.2024 Скопје
Ѕвездата на класичниот кросовер, пејачот и кантавтор Матео Бочели штотуку ја најави својата сосема нова европска турнеја за 2025 година, насловена Summer Nights (Летни ноќи), а во чии рамки за прв пат ќе ја посети и Македонија и ќе одржи ексклузивен концерт на 15 јуни во македонската Филхармонија во Скопје.
Уште од неговото прво појавување на синглот „Fall On Me“ со неговиот татко, славниот тенор Андреа Бочели во 2018 година, па сѐ до изведбата на обновената верзија на „Time To Say Goodbye“ со нова композиција од Ханс Цимер на Оскарите во 2024 година, Матео Бочели ја восхитува публиката ширум светот. Со неговиот импресивен талент и распродадени турнеи тој го трасира новиот пат во уникатниот стил.
Матео зад себе има настапи на дел од најголемите светски сцени. Неговата турнеја „A Night With Matteo“ ги распродаде глобално познатите концертни сали, вклучувајќи ја операта во Сиднеј и Куќата на славните во кантри музиката, но и настапи за кралското семејство на Велика Британија и за отворање на концертот на легендарниот Лајонел Ричи. Неговиот деби настап во живо на 18-годишна возраст беше во римскиот Колосеум, а во 2018 година тој и неговиот татко го објавија „Fall on Me“, возбудлив дует кој собра над 400 милиони глобални преноси до денес.
По успехот на неговата неодамнешна соработка „Falling Back“ со полската суперѕвезда Сана, Матео неодамна го претстави својот нов сингл „If I Knew“, во кој настапува мултиплатинумската и номинирана за Оскар уметницата Софија Карсон. Овој срдечен дует означува уште еден значаен чекор во кариерата на Матео, бидејќи тој продолжува да го создава својот сопствен жанр, продолжувајќи го успехот на неговиот истоимениот деби албум „Matteo“.
„Матео“ ги прикажува сите аспекти на неговата уметност – не само неговиот силен, но сепак ранлив вокален стил, туку и неговото авторско пишување песни. Ова издание го вклучува и херојот на пејачот, Ед Ширан, кој ја напиша „Chasing Stars“ за Матео, голема балада што го покажува неговиот горен регистер.
Во 2022 година, Матео го издаде „A Family Christmas“, заедно со таткото Андреа и сестрата Вирџинија, во божиќната епизода на „Симпсонови“. Матео е воедно и заштитно лице на машката линија на модниот бренд „Guess“.
Подготвено од М.Д.