28.11.2024 Скопје
Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што вели, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.
„Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот“, вели Кос.
На прашањето дали после тоа може да се дадат гаранции дека нема да има други блокади, Кос изјави дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.
Нема да бидеме жртва на билатерализацијата на процесот на пристапување кон Европската унија, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека имаат црвени линии.
Вели дека македонските граѓани направија доволно отстапки.
„Ние кажавме што можеме да направиме и тоа е максимумот. Tоа им е кажано на сите светски фактори, на сите луѓе кои одлучуваат или имаат некаква улолога во светската политика“, изјави Мицкоски.
Подготвено од М.Д.