lufthanza

15.11.2024 Скопје

Групацијата Луфтханза ќе намали една петтина од своите менаџерски позиции, објави во четвртокот франкфуртскиот бизнис магазин, цитирајќи извори. Се работи за околу 400 вработени.

Летово, бордот на директори најави драстични мерки за штедење во водечкиот бренд, авиокомпанијата Луфтханза.

Малку е веројатно дека Луфтханза ќе оствари профит оваа година и сега се насочува барем кон рентабилност. Програмата за штедење се очекува да ја зголеми оперативната добивка за 2,5 милијарди евра до 2028 година.

Менаџерот наведува дека менаџментот планира да заштеди при купување, како и дека има намера да ја интензивира кампањата за привлекување деловни луѓе, од кои само 60 отсто се вратиле во авионите од крајот на пандемијата.

Покрај тоа, компанијата верува дека со помош на вештачка интелигенција може да се рационализира работата на околу 400 контролори на летање на аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Подготвено од М.Д.

About Author