22.11.2024 Скопје
Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила минатата година чинеше 72 милиони фунти (86 милиони евра), соопшти денеска британската влада.
Во својот годишен извештај, британскиот Оддел за култура (DCMS), кој беше одговорен за организирање на крунисувањето, прецизираше дека самата церемонија чинела 50,3 милиони фунти (60 милиони евра), а 21,7 милиони фунти (26 милиони евра) се издвоени за безбедносни трошоци.
DCMS посочува дека крунисувањето беше можност да се соедини целата земја и да се зајакне националниот идентитет, како и да се претставува Велика Британија во светот.
Подготвено од М.Д.