olaf-sholc-960x640

14.11.2024 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека ќе поднесе барање за гласање на (не)доверба на неговата влада што ќе се одржи на 16 декември. Со тоа се отвора пат кон одржување на вонредни парламентарни избори на 23 февруари во 2025 година, како што беше и претходно најавено.

„Ајде, заради доброто на земјата, да работиме заедно до изборите“, апелираше тој до пратениците во говорот пред Бундестагот.

Тој, исто така, инсистира владата да продолжи со работа, иако има малцинство по заминувањето на пратениците на Слободната демократска партија (ФДП).

Шолц за време на говорот нагласи оти ќе му биде потребна поддршка од опозициската Демохристијанска унија (ЦДУ) за да ги истера преостанатите реформи пред распуштање на парламентот.

Владеачката „семафор коалиција“ во Германија се распадна минатата недела, откако Шолц го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер од ФДП поради спор околу економските реформи.

Подготвено од М.Д.

About Author