11.11.2024 Скопје
Во Баку, Азербејџан, денеска почнува 29та Конференција на ОН за климатски промени, на која учество ќе земе и делегација од земјава.
Дел од тимот ќе бидат министерот за животна средина Изет Меџити и министерката за енергетика Сања Божиновска, а делегацијата ја предводи претседателката Гордана Силјановска Давкова.
На средбата ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акцијa. Самитот за климатски промени служи како платформа за ветувања, обврски и акциони планови во согласност со целите на Парискиот договор, додека учесниците се шефови на држави и високи државни службеници од целиот свет.
Оваа година на разговорите за клима ќе се приклучи и Авганистан што е значаен развој за земјата по враќањето на Талибанците на власт во август 2021 година.
Подготвено од М.Д.