21.11.2024 Скопје
Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), денеска и утре организираат Конференцијата за борба против корупцијата во Западен Балкан.
Воведни обраќања на отворањето на конференцијата ќе имаат амбасадорката Анџела Агелер и заменик-претседателот на Владата за политки и добро владеење Арбен Фетаи.
Амбасадата на САД соопшти дека дводневната регионална конференција има за цел да поттикне мултисекторска регионална мрежа на „лидери во борбата против корупцијата“ — професионалци од владата, судството, граѓанското општество и бизнис секторот посветени на борбата против корупцијата.
На конференцијата ќе учествуваат претставници од Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Подготвено од М.Д.