image (49)

01.11.2024 Скопје

Производството во фабриката за преработка на тутун во Берлин ќе престане во првата половина на 2025 година, додека во Дрезден, каде тутунот за виткање се произведува од 2019 година, производството ќе биде завршено до средината на 2025 година, соопшти компанијата.

„Причина за ваквата одлука е намалената побарувачка за цигари во Европа во последните години. Се очекува овој тренд да продолжи“, се наведува во соопштението.

Од компанијата истакнуваат дека ќе бидат отпуштени вкупно 372 работници, од кои околу 270 работат во Дрезденската компанија.

„Филип Морис“ вети дека ќе понуди „фер решенија“ за сите работници кои се соочуваат со технолошки вишок.

Одлуката на „Филип Морис“, наведуваат аналитичарите, ги одразува промените во тутунската индустрија, каде побарувачката за традиционални цигари се намалува, а компаниите се прилагодуваат на новите пазарни услови.

Подготвено од М.Д.

About Author