28.11.2024 Скопје
Одолговлекување на судските процеси заради безброј вештачење повеќе не би требало да има откако од денес повторно е впишана во Централниот регистар и во функција се враќа Комората на вештаци која речиси 8 години беше неактивна.
Министерот за правда, Игор Филков, смета дека со активна Комора за вештаци почнува реформа во правосудниот систем и ќе се обезбеди квалитетно и навремено вештачење а самата комора е механизам за контрола и поддршка на вештаците во македонија.
Претседателот на Комората, проф. д-р Виктор Камнар соопшти дека нови овластени и лиценцирани вештаци ќе има од почетокот на идната година, а постоечките ќе може да ги обноват истечените лиценци.
Министерот Филков и претседателот на Комората Камнар сметаат дека со ова ќе се зголеми довербата во правосудниот систем и ќе се подобри квалитетот на судските и управните постапки.
Подготвено од М.Д.