15.11.2024 Скопје
Колку уставните измени се сериозна пречка за продолжувањето на евроинтеграцискиот пат, но и дали истите се единствен начин за започнување на преговорите? Од Власта сметаат дека освен измената на Уставот, потребни се и конкретни реформи, но и достоинствено решение кое ќе се базира на издржани критериуми.
Дека е потребен стабилен партнер во Бугарија за Македонија да ги почне преговорите за влез во Европската Унија, се согласува и универзитетскиот професор Васко Наумовски, според кој целта на нашата дипломатија е да се затвори прашањето со соседна Бугарија и соодветно на тоа да се направи и официјалниот почеток на преговорите со ЕУ.
Наумовски додава дека Европската Унија цели кон тоа да прими повеќе држави во еден циклус, но, како што вели, нашата земја е во апсурдна ситуација, бидејќи веќе се зборува за членство на Украина и Молдавија, а земјите од Западниот Балкан се многу понапред од овие држави и сè уште се соочуваат со билатерални пречки.
Подготвено од М.Д.