avtopat-kina

08.11.2024 Скопје

Кина го заврши автопатот со четири ленти долг 157,79 километри без речиси никаква човечка интервенција.

Овој автопат е дел од проширувањето на патот Пекинг-Хонг Конг-Макао, кој го поврзува Пекинг со Хебеј.

Проектот беше завршен во октомври, а беа употребени десет автономни возила (без возачи) за асфалтирање и нивелирање на коловозот широк 19,25 метри.

Ниту надзорот не им беше оставен на луѓето на терен – беспилотните летала беа тие што го проверуваа текот на работите, за да се уверат дека се исполнети сите утврдени параметри.

Овој пристап не само што ја подобри точноста и квалитетот на конструкцијата, велат Кинезите, туку и значително го намали времето на работна сила и придружните трошоци. Негативниот аспект на целиот процес е што луѓето изгледаат како да имаат една работа помалку.

Подготвено од М.Д.

About Author