04.11.2024 Скопје
Луѓето околу Трамп тврдат дека поранешниот претседател ќе освои шест од седумте клучни држави, додавајќи дека тоа можеби е причината зошто Харис одржува митинзи таму каде што Трамп обично не победува.
Трамп во петокот одржа митинг во Вирџинија, држава каде што загуби со голема разлика во 2016 и 2020 година.
Неговиот потпретседателски кандидат Џеј-Ди Венс вчера застана во Њу Хемпшир, држава за која советниците на Трамп велат дека е „во игра“ и покрај фактот што анкетите покажуваат дека Камала Харис таму води со неколку процентни поени.
Најновата анкета сугерира дека станува збор за мртва трка. Речиси секоја т.н Свинг државата е во рамките на маргината на грешка, а новата анкета во Ајова, каде Трамп победи во 2016 и 2020 година, покажува дека Харис таму можеби има неочекувано водство.
Извор од изборниот штаб на Трамп ја нарече анкетата во Ајова чудна и збунувачка. Се чини дека тоа не им го наруши нивното верување дека таму победуваат.
Подготвено од М.Д.