Image by Allexxandar on Freepik

12.11.2024 Скопје

Холандија ќе воведе контрола на копнените граници од 9 декември, изјави денеска портпаролот на Министерството за миграција на Кралството, цитиран од британските медиуми, со што ја потврдија претходната најава на холандска агенција.

Граничните контроли, од кои сите се со земјите кои се членки на Шенген зоната, ќе траат шест месеци – дел од пошироките мерки за справување со миграцијата предложени од екстремно десничарската коалиција предводена од националистичката Партија на слободата на Герт Вилдерс.

Одлуката следува по слична одлука што пред извесно време ја донесе владата на соседна Германија.

Подготвено од М.Д.

About Author