22.11.2024 Скопје
Гитара која Џорџ Харисон ја купил како тинејџер за 58 фунти, е продадена на аукција за повеќе од еден милион фунти.
Гитаристот на „Битлси“ ја купил електричната гитара „Футурама“ во 1959 година во Ливерпул, како 16-годишен електричар, а истата била платена на 44 рати со помош на неговата мајка. Истата гитара била ставена на аукција во средата во Нешвил, Тенеси и продадена за 1,27 милиони долари, двојно повеќе од нејзината проценка.
Мартин Нолан, управен директор на акциската куќа „Џулиен“, рече дека ова го соборило рекордот за најскапа гитара на Џорџ Харисон некогаш продадена.
Подготвено од М.Д.