27.11.2024 Скопје
Гасоводот Северен тек 2 може да започне со работа веднаш, а „Газпром“ не посочи дека планира да го продаде на САД, изјави во вторникот портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на медиумските извештаи дека американскиот инвеститор побарал дозвола од Вашингтон за потенцијално купување.
Стивен Линч побарал дозвола од Вашингтон да учествува на евентуална аукција на гасоводот во стечајната постапка на конзорциумот „Nord Stream“ во Швајцарија.
Кантоналниот суд во швајцарски Цуг на крајот на јуни по третпат го одложи стечајот на конзорциумот, за уште шест месеци до крајот на годината. Доколку работењето не биде рехабилитирано, судот „автоматски“ ќе прогласи стечај.
Конзорциумот „Nord Stream“ ги поседува гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 составен од вкупно четири цевководи испорачуваше евтин руски гас во Германија од 2011 и 2012 година, соодветно, со вкупен транспортен капацитет од 50 милијарди кубни метри гас годишно.
Гасоводот Северен тек 2 требаше да ги удвои испораките и беше завршен кон крајот на 2021 година. Германските власти постојано го одложуваа издавањето дозволи за почеток на работа, а проектот беше ставен во мирување откако руските војници влегоа во Украина.
Седиштето на конзорциумот „„Nord Stream“ е во Швајцарија, а неговите членови се рускиот производител на гас „Газпром“, со удел од 51 отсто, како и германските енергетски компании „Wintershall Dea“ и E.ON, француската „Engie“ и холандската „Gasunie“.
Гасоводот Северен тек 2 беше сериозно оштетен во експлозиите на крајот на септември 2022 година. Европските влади се сомневаа дека е „државен актер“ за саботажа, Шведска, Данска и Германија започнаа истрага за да го идентификуваат виновникот. Во февруари Стокхолм и Копенхаген објавија дека истрагата е затворена и наодите ги проследија до Германија.Германија одбива да ги објави резултатите од истрагата, повикувајќи се на националната безбедност.
Вината сепрефрла на наводни украински поранешни разузнавачи, но наградуван американски новинар веднаш по експлозиите објави, повикувакјќи се на свои американски безбеносни извори, дека зад саботажата стои администрацијата на претседателот Џо Бајден, американската и британската разузнавачка заедница која заедно Норвешка искористител воени маневри на НАТО.
Линч, од друга страна, тврди дека американската сопственост на гасоводот ќе обезбеди влијание во мировните преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина и дека тоа ќе им служи и на американските долгорочни интереси.
„Накратко, се отвора можност, која ни се појавува еднаш во речиси сто години, за американска и европска контрола врз европското снабдување со енергија до крајот на ерата на фосилни горива“, потенцира американскиот инвеститор.
Рускио „Газпром“ никогаш не посочи дека сака да ги продаде гасоводите, нагласи во вторникот портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Не слушнав дека некој од инвеститорите лобирал за купување на клучниот енергетски инфраструктурен објект, ниту, пак, слушнав дека руската страна преку Газпром би сакала да го продаде“, рече Песков.
„Главниот фактор, меѓутоа, е фактот што гасоводот е алатка, инструмент. Сѐ зависи од резервите, од изворот на гас, а изворот е Газпром, кој, колку што знам, не сака да ги предаде средствата за транспорт на гас на САД“, нагласи Песков, но додавајќи дека „веројатно треба да побарате одговор од самата компанија“.
Северен тек 2 не треба да се обновува, тој е завршен и може веднаш да почне со работа, нагласи истовремено портпаролот на рускиот претседател.
Подготвено од М.Д.