27.11.2024 Скопје
Подобри услови за работа, повисоки примања за матичните доктори и поблаги казнени политики – ова беше договорено помеѓу менаџментот на Фондот за здравство и Здружението на приватни лекари. Се поизвесно е дека од следната година матичните добијат повисок капитационен бод од 75 на 100 денари. Директорот на фондот вели дека на 3 декември ќе биде познато колкав ќе биде буџетот на ФЗОМ и од тоа ќе зависи колку ќе се зголеми капитацијата.
Бараме сигурност, да можеме на вработените да им даваме квалитетни плати, да исплаќаме К-15, да ги задржиме и да не се прелева нашиот кадар во јавното здравство. Ако платите се покачуваат само во јавното здравство, нашите медицински сестри од приватното ќе се прелеат во државното здравство. Не е целта да го дестабилизираме примарното здравство кое е основниот чувар на здравјето за сите. Нас ни требаат ординации и во Дебар, и во Дојран и во Валандово. Само така ќе го задржиме народот таму” -истакна Чолакова Дервишова.
ФЗОМ сака да ги стимулира руралните лекари и да се отворат повеќе амбуланти во селата. На докторите во помалите места ќе им биде дозволено да работат без медицинска сестра до две години, бидејќи во помалите места потешко е да се најде таков кадар. А ќе добијат и стимулативни пари.
Затоа мерките во однос на руралните доктори се темпирани на 24 месеци. Ќе им биде дозволено да работат без медицинска сестра следните 24 месеци во кои мора системски поглед да дадеме на прашањето за тоа како ќе функионираат понатаму. Зголемени се бодовите за руралните доктори за 22.500 денари се зголемени фиксните примања на руралните доктори зашто имаат зголемени трошоци и зашто патуваат до ординациите, рече директорот Сашо Клековски.
Здравствените власти велат дека примарната заштита е првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и има посебно значење за целокупното лекување и следење на здравствена состојба на пациентот. Кај матичниот лекар секој осигуреник треба да добие квалитетна здравствена услуга и рано откривање на определени заболувања што е од огромно значење за превенцијата.
Подготвено од М.Д.