verstappen-brasil

04.11.2024 Скопје

Макс Ферстапен со шампионско издание стигна до победа на ГН на Бразил, Холанѓанецот славеше и покрај тоа што стартуваше дури од 17. позиција.

Квалификациите ја отворија вратата за Ландо Норис дополнително да ја намали предноста на Макс Ферстапен и да го направи екстра возбудлив финишот од сезоната во Формула 1.

Сепак, Холанѓанецот имаше шампионско издание и стигна до победа на ГН на Бразил и покрај тоа што стартуваше дури од 17. позиицја.

Макс Ферстапен знаеше како да го искористи хаосот кој почна со излетувањето на Хулкенберг во 27. круг, новите врнежи на дожд, како и сударот на Колапинто, по кој беа покажани црвени знамиња.

По ре-стартот на трката, следуваа нови инциденти во кои беа инволвирани Бермен и Саинц, а кога конечно беа покажани зелени знамиња и дозвола за тркање, Макс Ферстапен изби на чело и не дозволи да биде загрозен во ниту еден момент.

На големо изненадување, на пиедесталот се качи двоецот на Алпин, Окон финишираше како втор, а Гасли како трет.

Потоа следуваа Расел и Леклер, а Норис финишираше како шести. Во бодови уште завршија Цунода, Пиастри, Лоусон и Хамилтон.

Подготвено од М.Д.

About Author