26.11.2024 Скопје
Настанот ќе се одржи во Културно-информативниот центар – Скопје, од 26 до 28 ноември.
Културно-информативниот центар – Скопје, од 26 до 28 ноември го отвара Европскиот месец на креативноста во чии рамки ќе се реализираат следниве настани:
НОВИ ГЕНЕРАЦИИ – изложба на учениците од сликарски и вајарски оддел од ДСУЛУД Лазар Личеноски , под менторство на професорите Ѓорѓи Томовски, Елена Дуковска, Сокол Цфарку и Дејан Иванов – Маргуш.
На изложбата учениците ќе се претстават со скулптури, мозаици и цртежи.
Изложбата ќе се отвори на 26.11.2024 со почеток во 20.00 ч. во Продажниот ликовен салон на КИЦ – Скопје и ќе трае до 13.12.2024.
МУЗИЧКО ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА со млади уметници-пијанисти и професори од ДМБУЦ Илија Николовски – Луј и ФМУ – СкопјеМодератор: проф. М-р Даница Стојанова – пијанист.
Работилницата ќе се одржи на 27.11.2024 со почеток во 12.00 ч. во Салон 19,19 на КИЦ – Скопје
ЛИКОВНА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА со учениците од четврта година сликарска насока од ДСУЛУД Лазар Личеноски под менторство на проф. Дејан Иванов-Маргуш.
Работилницата ќе се одржи на 28.11.2024 со почеток во 11.00 ч. во Продажниот ликовен салон на КИЦ-Скопје.
Целиот настан е во рамките на европскиот проект CreArt и финансиски е подржан од Град Скопје.
Подготвено од М.Д.