eu i kina

27.11.2024 Скопје

Европската комисија (ЕК) денеска соопшти дека поднела жалба до Светската трговска организација против кинеските царини за увоз на жестоки пијалоци од Европската унија.

Новите кинески мерки првенствено ги погодија Франција и нејзините компании LVMH, Remy Contro и Pernot Ricard, кои извезуваат големи количества алкохолни пијалоци, особено коњак, во таа азиска земја.

Минатата година Франција извезе коњак во Кина за 1,7 милијарди долари, а овие испораки учествуваа со 99 отсто од увозот на алкохол во Кина.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно ја нарече истрагата за жестоки пијалоци во Кина „чиста одмазда“.

Француското Министерство за трговија минатиот месец соопшти дека ќе соработува со Европската комисија за да ги оспори тарифите наметнати од Пекинг откако Европската унија гласаше за одобрување тарифи за електрични возила од кинеско производство.

Кинеското Министерство за трговија објави дека го добило барањето на ЕУ за консултации и дека ќе го реши прашањето за царините за брендовите во согласност со правилата на Светската трговска организација.

Подготвено од М.Д.

About Author