27.11.2024 Скопје
Сè е во рацете на Бугарија. Менување на преговарачката рамка е, речиси, невозможно. Уставните измени остануваат услов за РС Македонија, но можен излез од ќорсокакот во кој западна евроинтегративниот процес на РС Македонија, извори од Европскиот парламент мала надеж полагаат во можноста Бугарија да прифати уставните измени со одложено дејство.
Во Европскиот парламент се свесни за билатералните теми кои го кочат европски пат на земјата и како што вели, копретседавачот со Мешовитиот парламентарен комитет меѓу ЕУ и РС Македонија, Карло Реслер, тие ќе направат се што можат во рамки на парламентарна дипломатија да помогнат.
„Она што е важно да се направи, она што ние ќе се обидеме да го направиме од позиција на делегација за односи со Република Северна Македонија е релаксирање на ситуацијата. Да се обидеме заедно со сите колеги да разговараме, бидејќи, јасно е дека јас сега не можам да ви понудам решение за билатерланите проблеми кои очигледно постојат и очигледно ги оптоваруваат билатералните односи. Мора заедно да работиме, низ еден отворен дијалог да дојде до решени и во тој контекст европските институции и европскиот парламент можат и ќе бидат од полза”, изјави Карло Реслер, копретседавач на Мешовит парламентарен комитете ЕУ-РСМ.
Од Европскиот парламент неофицијално велат дека во Европскиот совет нема расположение за било какви интервенции во преговарачката рамка, дека во Европската комисија не се ни разговара за уставни измени со одложено дејство, туку дека се е оставено на флексибилноста на Бугарија.
Во Европскиот парламент немаат илузија дека нема магично решение за надминување на разликите меѓу Македонија и Бугарија, но сметаат дека ЕУ може да помогне во тоа.
Реслер, што се донесува до односите меѓу двете земји, вели дека ќе се разговара со сите, вклучително и со амбасадорот на РС Македонија во ЕУ, но оти на сите им е истовремено јасно дека е тоа билатерлано прашање кое мора да се решава меѓу двете земји.
„Европска унија во тоа, според искуството кое го имала досега, па и со пристапувањето на Хрватска во ЕУ, може да биде помагач, медијатор, посредник на таквите разговори, а јасно е дека со една парламентарна димензија може да се обидеме во релаксацијата на таквите односи”, вели Реслер.
За можноста во отсуство на политичка влада во Бугарија и во неприфаќање на македонската влада да води дијалог со техничка влада во Софиија, токму пратениците на двете земји да бидат мостот за надминување на разликите, од Европскиот парламент се на став дека концептот на дијалогот „Жан Моне” може да се примени на дејалог меѓу двете земји, но со напомена дека за танго се потребни двајца.
Од Европскиот парламент пак и со мала самокритика за европските институции, за кои велат дека доколку не се способни да го препознаат историското и геополитичко значење на проширувањето со земјите од Западен Балкан, тогаш тоа се само празни зборови и Европската комисија ќе треба да докаже дека ЕУ е подготвена за предизвикот за проширување.
Подготвено од М.Д.