16.11.2024 Скопје
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија мора да ги преиспита санкциите против Русија, бидејќи тие придонесуваат за одржување на високите цени на енергијата, што негативно влијае на конкурентноста на европската економија.
Орбан нагласи дека високите трошоци за енергија ги ставаат европските компании во неповолна положба во однос на нивните конкуренти, особено американските фирми кои плаќаат значително пониски цени за енергија.
Според него, американските компании плаќаат само четвртина од сумата што европските компании ја издвојуваат за гас и струја, што создава сериозен конкурентен проблем за ЕУ.
Орбан истакна дека Унгарија, која зависи од руските енергетски извори, не може да ја реши оваа ситуација без промени во политиката на санкции на ЕУ.
Подготвено од М.Д.