14.11.2024 Скопје
Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел предложи прекинување на политичкиот дијалог со Израел, наведувајќи ги како причина кршењето на човековите права за време на конфликтот во Појасот Газа, изјавија четворица неименувани европски дипломати кои го виделе писмото испратено од Борел во средата упатено до министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
Во писмото, Борел изразува „сериозна загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“ во окупираната палестинска енклава и нагласил дека „досега овие грижи не биле земени предвид од Израел“.
Политичкиот дијалог со Израел, кој стапи на сила во јуни во 2000 година, е вграден во поширок договор за односите меѓу ЕУ и Израел и вклучува широки трговски врски.
Подготвено од М.Д.