bmw

12.11.2024 Скопје

Германскиот производител на автомобили БМВ објави пад на оперативната добивка од 61 отсто во третиот квартал од 2024 година поради слабата продажба во Кина и проблемите со системите за сопирање кај некои возила, што доведе до доцнење на испораките.

Истовремено, приходите на Бе-Ем-Ве се намалени за 15,7 отсто на годишно ниво на 32,4 милијарди евра. Аналитичарите очекуваа таа сума да биде околу 34,3 милијарди евра.

Во третиот квартал, оперативната профитна маржа за автомобилскиот сегмент од бизнисот беше само 2,3 отсто, се вели во извештајот.

Компанијата во септември соопшти дека проблемот со сопирачките погодил повеќе од 1,5 милиони автомобили и дека се очекува доцнење на испораката за околу 320.000 возила.

Извршниот директор на компанијата, Оливер Зипсе, рече дека по „екстремните предизвици во третиот квартал“ компанијата е на пат кон закрепнување и дека очекува да има подобар резултат во четвртиот квартал, како и да ги постигне своите годишни цели.

Компанијата сè уште тврди дека на крајот на годината ќе оствари оперативна профитна маржа од шест до седум проценти.

Подготвено од М.Д.

About Author