22.11.2024 Скопје
Станува збор за уметничкиот проект Deus in Machina (Бог во машината), а верниците имаат можност да се исповедаат на вештачката интелигенција, да поставуваат различни прашања за верата и да добијат одговори од дигитално прикажан Исус.
Најмалку две третини од верниците, кои зборувале со верзијата на Исус со вештачка интелигенција, велат дека имале „духовно искуство“. Еден од нив изјавил за локалните медиуми: „Бев изненаден, беше толку лесно, иако беше машина. Добив толку многу совети “.
Сепак, не сите се импресионирани. Поединци известуваат дека одговорите и советите на вештачката интелигенција биле „генерички“. Покрај тоа, тие целиот проект го нарекоа „финта“.
Оваа инсталација е привремена, иако претставниците на црквата наведуваат дека слични чат-ботови со вештачка интелигенција би можеле во иднина да „преземат одредени одговорности на пасторите“.
Постапката е едноставна, а подразбира дека верникот влегува во исповедалницата и поставува прашање – или ја презентира својата приказна, по што вештачката интелигенција ги дава одговорите. Анимираното лице на Исус се движи во реално време, во однос на компјутерски генерираниот говор.
Подготвено од М.Д.