12.11.2024 Скопје
Бојко Борисов, лидерот на партијата ГЕРБ во Бугарија најави дека сака да биде премиер и дека влада на ГЕРБ е можна со ПП-ДБ, БСП и ИТН. На вчерашната конститутивна седница во бугарското Народно собрание тој изјави:
Им се обраќам на сите мои колеги кои сакаат да слушаат: Влада може да се формира без ДПС – Нов почеток и Пеевски, без АПС, за жал без „Преродба“, затоа што сме од многу различни идеолошки семејства и без МЕЧ – рече Борисов.
Тој ги спомна контактите што ги има со високи челници во Европа и со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Влада која би го задржала влијанието од земјите што би сакале да интервенираат. Таквата влада не е гест за мене, туку самопожртвуваност. 18 милијарди долг. Видете, Грција досега има апсорбирано 18 милијарди во рамките на Националниот план за закрепнување и отпорност. Контактите што ги имам со Европската комисија, претседавачот беше лично на нашиот форум и ги посочи ГЕРБ и Борисов како партнери и ги разграничи „Преродба“ од нас. Со новиот американски претседател сме соработувале толку добро и сме се разбирале.
Аналитичарите најавуваат нова политичка криза во Бугарија и можни нови избори.
Останува нејасно дали ќе биде избран претседател на Собранието за тоа да почне со работа. Се очекува ГЕРБ-СДС да го предлжат Раја Назарјан бидејќи коалицијата освои најмногу гласови на изборите.
Пред зградата на бугарскиот парламент е тензично, а најавени се седум протести на кои се очекува да излезат меѓу 3.000 и 5.000 луѓе. Полицијата го обезбедува просторот во центарот на Софија, а сообраќајот е пренасочен.
Во врска со протестите досега е уапсено едно лице.
Коалицијата ДПС-Нов почеток ја напушти седницата и излезе да протестира. Автобуси од разни делови на Бугарија пристигнуваат пред парламентот.
Подготвено од М.Д.