amazon-750x430

15.11.2024 Скопје

Технолошката компанија специјализирана за е-трговија Амазон отвори виртуелна продавница наречена „Amazon haul“, каде што можете да купите облека, домашни производи, електроника и други предмети за помалку од 20 долари, објавија медиумите.

Новиот веб-излог ветува „лудо ниски цени“ на широк спектар на стоки, па со помош на споменатата апликација. На страницата можат да се купат производи и за еден долар.

Со оваа продавница Амазон одговори на забрзаниот раст на пазарот на конкурентските фирми, како што се Temu и Shein.

Компанијата нуди бесплатна испорака за нарачки над 25 долари или такса за испорака од 3,99 долари за нарачки под тој праг.

Амазон тврди дека ги „проверува“ производите што ги нуди „Haul“ за да се осигура дека тие се безбедни, автентични и се усогласени со регулаторните барања.

-Наоѓањето одлични производи по многу ниски цени е важно за клиентите, а ние продолжуваме да истражуваме начини на кои можеме да работиме со нашите партнери за препродавачи за да нудиме производи по многу ниски цени – изјави потпретседателот на Амазон за светски партнерски услуги, Дармеш Мехта.

Амазон претходно соопшти дека  планира да лансира сопствена онлајн продавница со попусти со стоки што се испраќаат директно од Кина.

Подготвено од М.Д.

About Author