ROBA

08.10.2024 Скопје

Вредноста на извозот на производи од РС Македонија за оваа година, односно за периодот од јануари до август, изнесува 5.190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани.

Од друга страна увозот е незначително зголемен. Вредноста на увeзената стока е 7.341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Трговскиот дефицит е 2.151,2 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз во надворешнотрговската размена е 70,7 отсто. Земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

„Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица“, објави ДЗС.

Подготвено од М.Д.

About Author