18.10.2024 Скопје
Според Светска банка, РС Македонија и годинава ќе има најмал економски раст во регионот.
Наместо очекуваните 2,5 проценти кои ги прогнозираше Светската банка во пролетната проекција, државава ќе ја заврши годината со економски раст од само 1,8 отсто. Според најниовиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, а РС Мкедонија ќе ја заврши годината со фискален дефицит од 4,9 проценти, просечна стапка на инфлација од 3,5 проценти и јавен долг од 63.5 отсто. Како главни причини за нискиот економски раст во земјава во извештајот се набројани растот на цените, бавното темпо на реализиација на јавните инвестиции, миграцијата, економската рецесија кај главниот трговски партнер на земјава Германија, но и воените конфликити во Украина и на Блискиот Исток.
Позитивен имплус во македонската економија би можел да донесе Планот за раст на Европката унија, а заемот од Унгарија, иако од Светската банка го оценуваат како доста поволен, сепак додаваат дека ќе го зголеми јавниот долг во иднина.
Најдобра економска состојба во регинот имаат Србија и Косово, кои ќе ја завршат годинава со раст од 3,8 проценти. Зад нив е Црна Гора со проектиран раст од 3,4 отсто, Албанија со 3,3 проценти, а Босна и Херцеговина ќе ја заврши годината со раст од 2,8 проценти.
Подготвено од М.Д.