10.10.2024 Скопје
Францускиот алпски ски-центар Alpe du Grand Sere објави дека се затвора поради недостиг на средства за негово преуредување во туристичка дестинација за целата година.
Причината за затворањето е поради проблемите предизвикани од климатските промени, како што се намалувањето на снежните врнежи и скратената зимска сезона.
Локалните советници изгласаа затворање на ски-центарот, бидејќи повеќе не можат да плаќаат за одржување.
Поради оваа одлука, 200 луѓе ќе останат без работа, а одлуката ќе влијае и на блиското село Ла Морт, чија економија и население од 150 луѓе зависи од зимските спортови.
Сопственикот на локална продавница за спортови, Лоран Винченцо, изјави дека сите локални жители се „шокирани“ од одлуката.
Тоа е страшна одлука која доаѓа два месеци пред да се отвори – рече таа.
Поради недостаток на снег во изминатите две години, патеките се отвораа подоцна, а понекогаш беа затворени и во текот на сезоната поради недостаток на снег.
Од 2021 година локалната самоуправа потрошила речиси три милиони евра за да го одржи ски-центарот отворен во текот на целата година, но надлежните велат дека повеќе немаат пари.
Alpe du Grand Sere, на надморска височина од 1.368 метри, е најголемата скијачка станица во северните Алпи, која ќе биде принудена да се затвори.
Отворен е како зимски спортски центар пред 85 години и е второто најстаро одморалиште во регионот и има патека долга 55 километри и три жичарници.
Се проценува дека 180 помали француски скијачки центри биле принудени да се затворат од 1970-тите не само поради климатските промени, туку и поради лошото управување.
Подготвено од М.Д.