ilon mask tesla

31.10.2024 Скопје

Во иднина во светот ќе има повеќе роботи отколку луѓе, изјави американскиот милијардер и претприемач Илон Маск, кој преку видеоврска им се обрати на учесниците на инвестициската конференција во Ријад.

Тој изрази оптимизам за развојот на вештачката интелигенција, но истакна дека има 10 до 20 отсто шанси работите да тргнат наопаку и ја повтори својата претходна позиција дека вештачката интелигенција може да претставува „егзистенцијална закана“.

Според Маск, вештачката интелигенција системите се секоја година десет пати подобри отколку во претходните 12 месеци и „веројатно во следните година или две“ ќе можат да направат се што можат да направат луѓето.

Илон Маск најави дека неговата компанија SpaceX ќе го лансира вселенското летало Starship на Марс за две години, а леталото ќе има човечки екипаж за четири години.

Извршниот директор на Tesla, исто така, ја критикуваше претседателската администрација на Бајден за, како што рече, „прекумерната регулатива“ и растот на бирократијата во САД што го попречува бизнисот.

Подготвено од М.Д.

About Author