AMAZONIJA POZAR

14.10.2024 Скопје

Површина споредлива со големината на Белорусија изгоре во Бразил помеѓу јануари и септември 2024 година, се вели во  извештај.

Вкупно 22,38 милиони хектари изгореа во пожари во првите девет месеци од 2024 година, што е зголемување за 150 проценти во споредба со истиот период во 2023 година, се вели во извештајот на иницијативата MapBiomas.

Областа одговара на околу 2,6 отсто од површината на Бразил, поголема е од Белорусија (20,29 милиони хектари) и речиси е колку Романија (23 милиони хектари).

Mрежата MapBiomas, составена од универзитети, невладини организации и технолошки компании, за да го изработи извештајот анализираше сателитски снимки и други податоци.

Повеќе од половина од изгорената површина е во регионот на Амазон. Само во септември таму изгореа 5,5 милиони хектари, што е скок од 196 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година.

„Сушната сезона во Амазон, која вообичаено трае од јуни до октомври, беше особено тешка оваа година и дополнително ја влоши кризата со пожари во регионот“, рече Ане Аленкар од организацијата.

Наречена „белите дробови на планетата“, амазонската прашума апсорбира јаглерод диоксид од атмосферата, играјќи клучна улога во борбата против климатските промени.

Подготвено од М.Д.

About Author