24.10.2024 Скопје
Викендов почнува зимското сметање на времето. Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 27-ми октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот по полноќ ќе се смета како 2 часот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.
Последните години во Европа, па и во РС Македонија се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.
Оваа промена традиционално се прави со цел подобро искористување на дневната светлина и заштеда на енергија во зимските месеци.
Подготвено од М.Д.