2B00MW9

04.10.2024 Скопје

Велика Британија ќе му го врати архипелагот Чагос на Маврициус, ставајќи крај на повеќедеценискиот спор околу иднината на последната британска колонија во Африка.

Исклучок од договорот е островот Диего Гарсија, што Велика Британија и САД го користат како воена база. Двете влади се договорија островот да остане во надлежност на Велика Британија и САД и во следните 99 години.

Чагос се состои од 60 зафрлени острови стратешки групирани во Индискиот Океан. Своевремено дел од британската колонија Маврициус, Лондон успеа да го добие архипелагот од новоформираната Република Маврициус во 1968 како дел од процесот на деколонизација. Сепак, Меѓународниот суд на правдата во 2019 кажа дека ова било незаконски, но Велика Британија сметаше дека оваа одлука не е обврзувачка.

Воената база на тропскиот атол Диего Гарсија беше спорна точка во договорот. Речиси 1.500 жители биле принудно иселени во 1970-тите за да се направи место за изградба на базата, која денес им служи на САД како платформа за безбедносни операции на Блиски Исток, во јужна Азија и во источна Африка.

Подготвено од М.Д.

About Author