21.10.2024 Скопје
Лондон и Берлин наскоро ќе склучат „историски“ воен договор, пишуваат британски медиуми, повикувајќи се на британскиот министер за одбрана Џон Хил.
Како што наведува весникот Велика Британија оваа недела ќе потпише историски договор за одбрана со Германија.
Договорот ќе им овозможи на британските и германските сили да спроведат заеднички воени вежби на источната граница на НАТО со Русија, најверојатно во Естонија и Литванија. Тоа, исто така, ќе им овозможи на двете земји заедно да купат повеќе оружје и поблиску да соработуваат за развој и производство на оружје од новата генерација, јавуваат регионалните медиуми.
Како што истакнува весникот, британскиот министер за одбрана Хили смета дека договорот со Берлин ќе биде најзначајниот билатерален договор на Велика Британија од воениот договор со Франција во 2010 година.
Изворот за весникот изјавил дека Лондон го гледа договорот со Германија како прв чекор кон продлабочување на воената соработка со ЕУ. Според изворот, Велика Британија планира позначајни преговори со Брисел на оваа тема во 2025 година.
Подготвено од М.Д.