mickoski-i-fon-der-lajen-1-768x512-1

03.10.2024 Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен до крајот на месецот ќе дојде во посета на Р.С. Македонија, се дознава неофицијално.

Иако нејзината турнеја ќе биде регионална, таа сепак ќе потроши повеќе време во нашата престолнина за да се запознае подобро со намерите на новата влада, со оглед на тоа дека новата Европска комисија штотуку беше формирана по тримесечната изборна парализа во Брисел.

Првата посета на Лајен откако дојде на функцијата по вторпат беше Украина, а со лидерите од регионот веќе имаше заеднички ручек во Брисел на 19 септември, кога се договараше Планот за раст за Западен Балкан и кога премиерот Христијан Мицкоски ја доби веста дека Албанија ќе биде одделена од Р.С.Македонија во процесот на преговори со Европската унија.

Подготвено од М.Д.

About Author