16.10.2024 Скопје
Втората трибина од проектот „Заштита на биодиверзитетот на флората и фауната на Шар Планината – општествен императив“ што го реализира Здружението за култура и уметност „Традита“ – Тетово ќе се одржи денеска во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце.
Според агендата, настанот ќе започне во 11:30 часот со обраќање на Селам Сулејмани, претседател на „Традита“ кој ќе го презентира проектот и важноста од неговата имплементација во Полошкиот регион, односно во општините Теарце, Тетово и Боговиње.
Потоа, Агрон Салихи ќе одржи предавање на тема „Заштита на биодиверзитетот на флората и фауната во Шар Планината – општествен императив“, по што ќе следува дискусија.
Настанот е поддржан од ЦНВП – Организација за поврзување на природните вредности и луѓето, во рамки на проектот „Трајно користење на природните ресурси за меѓугранична социо-економска соработка во заштитените подрачја во Албанија и Северот на РС Македонија“.
Подготвено од М.Д.