venecija-mostra

16.10.2024 Скопје

Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци, потег за кој некои туристички организации предупредуваат дека може да и наштети на туристичката индустрија. Воведувањето на туристичката такса е обид да се ограничи „прекумерниот туризам“.

Стапката, наречена Европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS), ќе важи за оние кои ќе ја посетат Шенген зоната од ноември оваа година. Сите туристи кои не се членки на ЕУ ќе треба да платат 7 евра за безвизен влез – и тоа ќе треба да се обновува на секои три години.

Се поголем број шпански региони наплаќаат и за секоја ноќ помината во хотелско сместување, додека Валенсија ќе воведе сосема нова туристичка такса на крајот на годината. Барселона, главниот град на Каталонија, веќе има во сила данок за посетители, но тој ќе се зголеми оваа година. Претседателот на провинцискиот совет на Малага, Франциско Саладо, се изјасни против данокот на ЕУ и рече дека туризмот е економскиот мотор на Малага и Андалузија и го критикуваше потенцијалниот данок.

Како што рече, тоа може да биде голем проблем за Шпанија. Други градови низ Европа веќе имаат ноќни такси за посетители, како Прага, Берлин, Хамбург, Будимпешта и Амстердам.

Подготвено од М.Д.

About Author