31.10.2024 Скопје
Во 2023 година нивото на емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина достигна нов рекорд, поради што температурите на нашата планета ќе растат уште многу години, се вели во најновиот извештај на Светската метеоролошка организација (СМО).
Јаглерод диоксидот (CO2) се акумулира во атмосферата побрзо отколку во кое било време од човековото постоење и се зголемил за повеќе од 10 проценти за само две децении, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на СМО.
Како што е наведено, за ова придонеле емисиите на CO2 предизвикани од големите шумски пожари, како и можното намалување на јаглеродот апсорбиран од шумите, во комбинација со високите нивоа на емисии на CO2 од фосилните горива.
„Уште еден рекорд. Ова би требало да го запали алармот меѓу носителите на одлуки. Јасно е дека не сме на патот да ги исполниме целите поставени со Патискиот дговор за ограничување на глобаното загревање и намалување на температурата за помалку од два степени Целзиусови, при што целе е 1,5 степени во споредба со прединдустриските нивоа. Тоа не е само статистика, бидејќи зголемувањето на температурата за само дел од степен влијае на нашите животи и на планетата“, рече генералниот директор на СМО, Селест Сауло.
Подготвено од М.Д.